Бајден: Трамп молчи за диктаторот Лукашенко

пред 4 години

Демократскиот претседателски кандидат во САД, Џо Бајден, го критикуваше актуелниот претседател Доналд Трамп затоа што не дава никаков коментар за, како што рече, задушувањето на демократските протести во Белорусија, за кои рече дека ги водел „диктаторот“ Александар Лукашенко.

Бајден ги поддржа „мирните изрази на слободата“ и барањето на демонстрантите за нови избори, пренесуваат британските медиуми.

-Претседателот Трамп одбива да зборува против постапките на Лукашенко и да го поддржи продемократското движење, рече Бајден.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top