БиХ: 280 новозаразени и петмина починати

пред 4 години

Во последните 24 часа во БиХ се регистрирани 280 новозаразени и пет починати лица, од кои 192 заразени и тројца починати се во федерацијата БиХ.

Тестирани биле 1.580 примероци, а коронавирусот е потврден кај 192 лица.

Три смртни случаи биле пријавени во Институтот за јавно здравје на ФБиХ, со што вкупниот број на починати достигна 529.

Досега во ФБиХ тестирани се вкупно 159.205 лица, а вирусот е потврден кај 18.029.

Scroll to Top