Борел: Европската унија станува сè посилна

пред 3 години

По повод Денот на Европа, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, оцени дека Европската унија не е завршен проект и дека се соочува со голем број проблеми.

Тој посочува дека овие проблеми мора да се решат, но ЕУ не е слаба. „Напротив, станува сè посилна секој ден“, вели Борел.

Тој е исто така убеден дека ЕУ е потребна повеќе од кога било, иако е изграден траен мир меѓу Европејците.

За него Европа значи повеќе пријателства и можности, заедничка борба за зелена планета. Но, тој, исто така, верува дека Европа некогаш им понудила на своите млади многу поголема економска безбедност за да станат независни.

„Мислам дека тоа е изгубено и тоа е нешто што треба да го вратиме. Убеден сум дека помладите генерации ќе знаат како да дадат нов поттик на Европа“, рече Борел.

Scroll to Top