Борел пред европратениците, се бара негова оставка

пред 3 години

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел денеска ќе се појави на дебата пред европратениците по повод неговата посета на Москва од 4 до 6 февруари.

Повеќе од 50 пратеници на Европскиот парламент потпишаа писмо во кое се бара од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да биде разрешен Борел од функцијата доколку сам не поднесе оставка.

Во писмото европратениците ја изразуваат својата загриженост поради „понижувачката ситуација која се случила за време на посетата на Борел на Москва и која според нив во голема мерка ја влошила репутацијата на ЕУ“.

Се оценува дека шефот на европската дипломатија „не бил во можност да се заложи за интересите и вредностите на ЕУ на адекватен начин и направил лоша проценка со заминувањето во Москва“.

Иако досега Фон дер Лајен нема коментар, од ЕК наведуваат дека Борел ја има нејзината целосна поддршка и доверба.

Scroll to Top