Бразилската полиција со секира кршеше врати и уапси 600 лица на нелегална забава

пред 3 години

Бразилската полиција влезе на нелегална забава на која беа присутни околу 600 лица во ноќен клуб во Сао Паоло.

Акцијата е дел од мерките што локалните власти ги спроведуваат со цел да се сузбијат нови случаи на Ковид-19, кои во последните денови достигнаа рекордни бројки, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека полицијата со секири ја скршила вратата на ноќниот клуб во градскиот кварт Капао Редондо, и дека стотици млади учесници на забавата лежеле на подиумот додека полицијата ја исклучувала музиката и ги апсела организаторите.

Многу Бразилци продолжуваат да им се спротивставуваат на мерките, охрабрени, од претседателот на државата Жаир Болсонаро, кој е против строгите мерки и заклучување поради негативното влијание врз економијата, пренесуваат светските агенции.

Ројтерс пренесува, дека од Ковид- 19 починале 12.000 бразилци во текот на изминатата недела, што е повеќе отколку во која било друга земја, анализира агенцијата.

Scroll to Top