Бразил има над седум милиони заболени од Ковид-19, но претседателот вели нема да брза со набавката на вакцина

пред 3 години

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро не го поддржува глобалното брзање за купување и дистрибуција на вакцината против коронавирус.

„Брзањето не е оправдано“, рече Болсонаро во видео снимка што вчера беше објавена на социјалните мрежи од еден од неговите синови.

-Тоа е мешање во животот на луѓето, рече бразилскиот претседател.

Коментарот доаѓа откако бразилскиот лидер, кој од почетокот на пандемијата го минимизираше коронавирусот, пред три дена ги критикуваше производителите на вакцини „Фајзер“ и „БиоНТек“, со што се чини ги разгоре стравувањата на јавноста за потенцијалните несакани ефекти на вакцината.

-Договорот јасно наведува дека „Фајзер“ не е одговорен за штетните реакции. Доколку се претворите во кајман, тоа ќе биде ваш проблем, изјави тој, смеејќи се. Кајман е полуводен влекач, сличен на алигатор.

Во оваа најголема земја во Латинска Америка, со население од 210 милиони лица, досега има повеќе од седум милиони заразени со коронавирус.

Scroll to Top