Британија прва почнува имунизација со оксфордската вакцина

пред 3 години

Велика Британија е првата земја во светот што денес започна со имунизација со вакцината на фармацевтската компанија „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд.

Вкупно 530.000 дози на вакцината се распределени во шест англиски болници, пренесува Гардијан.

Вакцинацијата потоа ќе започне на стотици други места, а британската влада се надева дека десетици милиони дози ќе бидат доставени за неколку месеци.

Минатиот месец, Велика Британија прва во светот започна со вакцинација со вакцината Фејзер и Бионтек, која мора да се чува на многу ниски температури.

Scroll to Top