„Британскиот“ тип на коронавирус откриен кај 13 луѓе на Исланд

пред 3 години

Исланд денеска информира дека регистрирал 13 случаи на новиот, очигледно побрзо пренослив вид на коронавирус, што се појави во Велика Британија, јави ДПА.

Агенцијата додава дека случаите се откриени во текот на декември кај патници тестирани при пристигнување на аеродромот Кефлавик, вклучувајќи и 11 кои пристигнале непосредно пред Божиќ.

-Десет од единаесеттемина пристигнаа од Велика Британија, а еден пристигна од Данска, изјави главниот епидемиолог Торолфур Гуднасон на прес-конференција.

ДПА појаснува дека по добиените резултати од тестот сите патници се ставени во карантин.

Гуднасон истакна дека Исланд спроведува следење на геномот на сите позитивни резултати од тестовите, додека неколку други држави следат околу 10-20 отсто од нивните резултати, објави јавниот радиодифузен сервис RUV.

Сите нордиски земји во последните денови пријавија случаи на новиот вид вирус што првично се појави во Велика Британија, појасни ДПА.

Scroll to Top