Бројот на заболени во Англија намален за две третини во споредба со јануари

пред 3 години

Вкупниот број на луѓе заболени од Ковид-19 во Англија опадна од јануари, но во некои области има забележително зголемување на бројот на заразени, објавија денес истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Истражувачите рекоа дека нивото на активни случаи во февруари било 0,49 проценти од целото население, што е за две третини помалку отколку во јануари, кога беа евидентирани 1,57 проценти.

Сепак, тие додаваат дека прелиминарните резултати од февруари покажуваат дека бројот на заболени е зголемен во Лондон, на југоисток, како и на исток и во Вест Мидлендс, објави „Ројтерс“.

„Бројот на случаи во Англија продолжува да опаѓа, иако падот е забавен“, рече Стивен Рајли, професор по динамика на заразни болести на Кралскиот колеџот во Лондон, додавајќи дека падот мора да биде поголем за вакцинацијата да биде поуспешна.

Scroll to Top