Бугарија бележи рекорден број на новозаразени од Ковид-19

пред 4 години

Рекорден број на нови позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во Бугарија, во последното деноноќие се заразиле вкупно 436 лица.

Ова е најголемиот број што здравствените власти во Бугарија го регистрирале од почетокот на пандемијата.

Софија е град со најголем број на случаи, а потоа следат Пловдив, Бургас и Стара Загора.

Бројот на приеми во болница изнесува 973, додека 57 пациенти се сместени во единиците за интензивна нега.

Вчера од коронавирус било излекувано 131 лице, а починале осум.

Вкупниот број на заразени во Бугарија од почетокот на пандемијата достигна 22.306.

Scroll to Top