Бугарскиот претседател Радев во самоизолација откако имал контакт со заразен од Ковид-19

пред 4 години

Претседателот на Бугарија Румен Радев оди во самоизолација поради контакт со заразен со Ковид-19, јавија бугарските медиуми.

Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на Врховниот воен совет на Бугарија, генерал Димитар Петров.

Последниот јавен настан каде беа присутни Радев и генерал Петров беше во петокот на празникот на ВВС на таа држава. На него беше присутен и министерот за одбрана на Бугарија, Красимр Каракачанов.

Scroll to Top