Булбулоглу: Азербејџан е подготвен да го врати својот територијален интегритет

пред 4 години

Баку е цврсто решен да ја врати контролата над Нагорно-Карабах, регионот признат од глобалната заедница како територија на Азербејџан, изјави во интервју за ТАСС азербејџанскиот амбасадор во Русија, Полад Булбулоглу. „Во тек е контратерористичка операција -која исто така може да се опише како обид за насилно смирување на Ерменија- на териториите на Азербејџан окупирани од вооружените сили на Ерменија. Во суштина, тоа е патриотска војна за ослободување на нашата земја , призната како територија на Азербејџан од целата глобална заедница. Веќе успеавме да ослободиме некои окупирани територии, нашите воени успеси продолжуваат. Ние сме цврсто решени да го вратиме нашиот територијален интегритет“, рече Булбулоглу. Амбасадорот рече дека заклучно со почетокот на 6 октомври биле убиени вкупно 27 азербејџански цивили, а повредени 141 како резултат на тековните борби. „Поради воените порази, раководството на Ерменија е принудено да донесе избрзани и погрешни одлуки, да изврши воени злосторства. А лицата кои носат такви наредби мора да бидат изведени пред меѓународната правда“, рече тој Според неговите зборови, Ереван се обидува да го принуди Баку да изврши пропорционален удар на територијата на Ерменија по што, според верувањето на Ерменија, трети страни ќе стапат во конфликтот, и ќе биде активиран колективниот безбедносен механизам во кој учествува Ерменија. „Во моментов, воената команда и политичкото раководство на Ерменија имаат целосна одговорност за тие настани“, рече дипломатот. На 27 септември Баку објави дека позициите на азербејџанската армија се интензивно гранатирани од Ерменија. Ереван, од своја страна, тврдеше дека вооружените сили на Азербејџан почнале офанзива во правец на Нагорно-Карабах гранатирајќи ги населените места на непризнатата република, вклучително и главниот град Степанакерт. Двете страни пријавија жртви и меѓу цивилното население. Ерменските власти прогласија воена состојба и најавија мобилизација. Азербејџан воведе воена состојба на целата територијата. Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година кога автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.

Scroll to Top