Вакцината нa „Астра зенека“ преименувана во „ваксзервија“

пред 3 години

Компанијата „Астра зенека“ го смени името на својата вакцина против коронавирус, која се соочува со недоверба поради забележаните несакани ефекти во одредени земји.

Британско-шведската фармацевтска компанија ја преименуваше својата вакцина против коронавирус, па сега е наречена „ваксзервија“ наместо „вакцина Астра зенека Ковид-19“.

Во соопштението за печатот, компанијата истакна дека промената на името не значи промена во составот на вакцината, но дека е добро медицинските работници да бидат запознаени со новото име поради различното пакување и етикета.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела го одобри новото име за вакцината, кое веќе се наоѓа на официјалната веб-страница на Агенцијата.

Scroll to Top