Вакцината против Ковид-19 најверојатно ќе добие условна дозвола

пред 3 години

Најверојатно сценарио за кандидатите за вакцина против Ковид-19 во ЕУ е да се добие условно одобрение за ставање во промет за една година, изјави за ЕУРАКТИВ извор во Европската агенција за лекови (ЕМА).Условното одобрување за ставање во промет (ЦMA) се доделува кога податоците се нецелосни, под одредени услови што мора да бидат исполнети во одреден период.

Таквата дозвола важи една година и може да се обновува на годишно ниво.
Во интервју за италијанскиот дневен весник „Ил Соле 24 Оре“, директорот на ЕМА, Гвидо Раси рече дека очекува зелено светло за првата вакцина против Ковид-19 во декември и почеток на дистрибуција во јануари 2021 година.
Тој додаде дека ефектите на вакцината врз инфекцијата и стапката на смртност ќе се видат по пет или шест месеци.
Рази исто така рече дека ќе бидат потребни 500 милиони дози за да бидат вакцинирани сите во Европа. – Ако сè оди глатко, на крајот на 2021 година, ќе имаме доволно имунизација, додаде тој.

Тој исто така предвидува дека во 2021 година, Европа би можела да има до седум одобрени вакцини против Ковид-19.
Под нормални околности, Европската агенција мора да го заврши својот процес на научен преглед во рок од 210 дена. Меѓутоа, во случајо со Ковид-19, Агенцијата ќе работи според процедурите за забрзан преглед на вакцината.
„Безбедносните барања за вакцината против Ковид-19 се исти како и за сите други вакцини во ЕУ и нема да се намалат поради пандемијата“, изјави изворот на ЕМА.

Scroll to Top