Вакцинираните во Германија од недела ослободени од многу мерки

пред 3 години

Пo Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, во петокот горниот дом, Бундесратот, исто така, го одобри владиниот декрет со кој на вакцинираните против коронавирус им се овозможуваат некои олеснувања од мерките против пандемијата на коронавирус.

Според указот, кој треба да стапи на сила в недела, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и лицата кои преболеле коронавируст, се ослободуваат од обврската за строго ограничување на личните контакти, забраната за движење во текот на ноќта и обврската за покажување негативен тест.

Вакцинираните исто така се ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од т.н. области на изменети вируси како Индија, Бразил или Јужна Африка.

Луѓето кај кои поминале најмалку две недели од приемот на втората доза на вакцина, се смета дека се целосно вакцинирани.

Премиерот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, беше против укинувањето на некои обврски за вакцинираните лица, но истовремено повика на единство во општеството и предупреди на можни поделби помеѓу вакцинираните и оние што сè уште не се вакцинирани.

Тој им рече на вакцинираните да се однесуваат со почит и без триумфализам кон оние кои сè уште не биле вакцинирани, а сакаат да се вакцинираат.

Scroll to Top