Ватикан: Папата им нуди на бездомниците бесплатни тестови на коронавирус

пред 3 години

Папата Франциск нуди бесплатни тестови на коронавирус за сиромашните и бездомните лица во Рим, како дел од римокатоличкото одбележување на Денот на сиромашните, соопшти денеска Ватикан.

Тестирањата можат да се извршат во клиниката Свети Петар, која папата пред неколку години ја опреми со основни медицински средства за најсиромашните граѓани кои живеат во околината на Ватикан.

Надбискупот Рино Физикела изјави дека дневно се вршат околу 50 тестирања на Ковид-19, а оваа иницијатива ќе продолжи на неопределен период.

Оние кои се негативни на тестот добиваат потврда со која можат да добијат засолниште, додека позитивните на коронавирус се хоспитализираат.

Италија вчера ја надмина бројката од еден милион заразени со коронавирус, со што стана една од десетте најлошо погодени земји во светот.

Scroll to Top