Вашингтон Пост објави снимка на која Трамп бара местење гласови во Џорџија

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидел да го натера државниот секретар на Џорџија да пронајде гласови во негова корист и со тоа да го промени текот на претседателскиот избори тврди Вашингтон Пост кој објави аудио заспис од разговорот. Трамп изненадувачки загуби во Џорџија.

Вашингтон Пост објави делови од разговрот кој траел еден час меѓу Трамп и државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер кој исто така е републиканец. Весникот тврди дека Рафенспергер и неговиот советник постојано во текот на разговорот ги отфрлале тврдењата на Трамп и му велеле дека се потпира на оспорени теории на заговор во врска со изборите кој биле чесни и фер.

„Гледај, сакам само да најдеме 11 780 гласа. Затоа што победивме во државата“ – вели Трамп упорно тврдејќи дека нема шанси да загубил во Џорџија.

Од Белата куќа нема коментар за снимката. Не сакал да коментира ниту Рафенспергер. Џорџија е една од клучните држави во која Трамп загуби од Бајден на изборите кои се одржаа на 3 ноември. Инагурацијата на Бајден е на 20 јануари.

Scroll to Top