(Видео) Бајден се вакцинираше против коронавирус во живо

пред 3 години

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус.

Бајден беше вакциниран пред камери, а настанот беше емитуван во живо.

„Ова го правам за да ги охрабрам луѓето да се вакцинираат кога вакцината ќе биде достапна. Нема причина да се грижам. Се радувам на втората доза“, рече Бајден за време на вакцинацијата.

Scroll to Top