(Видео) Бил Клинтон задремал на говорот на Бајден?

пред 3 години

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон изгледа здремал за време на инаугуративниот говор на Џо Бајден, пишува „Њујорк пост“.

На снимките кои по церемонијата се раширија на социјалните мрежи, се гледа дека 74-годишниот Клинтон едвај ги држи очите отворени, а главата често постепено му паѓа надолу за време на обраќањето на Бајден во Капитол.

„Бил Клинтон дефинитивно спие“, вели машки глас на снимка од мобилен телефон емитувана во емисија на Си-би-ес њуз, објавена од корисник на „Твитер“.

Слична снимка, извлечена од телевизискиот извештај на Би-би-си, беше објавена и на „Јутјуб“ под наслов „Бил Клинтон заспа на инаугурацијата на новиот претседател“.

Клинтон на инаугурацијата седеше покрај неговата сопруга Хилари и во близина на поранешниот претседател Џорџ В. Буш и сега поранешниот потпретседател Мајк Пенс.

Scroll to Top