ВИДЕО: Вашингтон личи на воена зона пред утрешната инаугурација на Бајден

пред 3 години

Невидени мерки на обезбедување се спроведуваат во Вашингтон пред утрешното стапување на функцијата на новиот американски претседател Џо Бајден, а градот и делот околу зградата на Конгресот наликуваат на воена зона.

Властите во американската престолнина стравуваат од повторување на насилствата од пред две недели, кога илјадници приврзаници на претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во Капитол, а во нередите починаа пет лица, меѓу кои и жена што беше застрелана од обезбедувањето во Конгресот и полицаец кој бил удрен со противпожарен апарат во главата.

Свечената церемонија на инаугурација на Бајден е закажана за утре, а мерките на безбедност одат дотаму што припадниците на Националната гарда, распоредени во Вашингтон, еден по еден поминуваат низ строги проверки од страна на ФБИ. Денеска беше објавено дека двајца војници биле отстранети од должностите за утрешната церемонија, откако било утврдено дека имале врски со екстремнодесничарски вооружени групи.

Scroll to Top