ВИДЕО: Во близина на резиденцијата на Камала Харис уапсен воооружен маж

пред 3 години

Американската тајна служба соопшти дека вчера во близина на резиденцијаta на потпретседателката Камала Харис уапсила маж од Сан Антонио, кој бил пронајден со опасно оружје.

Во неговото возило пронајдени сe пушка и муниција, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Си Ен Ен. Полицискиот извештај до кој дошол Си Ен Ен покажува дека 31-годишниот Пол Мареј поседувал „полу-автоматска пушка АР-15, 113 куршуми нерегистрирана муниција и пет шаржери за брзострелно оружје“.

Инаку, Камала Харис во моментот не живее во резиденцијата бидејќи во тек е реновирање.

Scroll to Top