(Видео) Во експлозијата во Урошевац повредени 42 лица, меѓу кои и две деца

пред 3 години

Бројот на повредени во денешната експлозија во ресторанот „Вилиџ“ во Урошевац се искачи на 42, а меѓу нив има и две малолетни лица. Информацијата ја потврди градоначалникот на Урошевац, Казим Река.

Тој за приштинскиот портал Телеграфи изјави дека 12 повредени лица биле испратени во Ургентниот центар во Приштина. Експлозијата се случила околу 15 часот и се верува дека е предизвикана од плинска боца во ресторанот.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии кои покажуваат дека ресторанот е целосно уништен.

Scroll to Top