ВИДЕО: Гори огромен брод-крузер во пристаништето на грчкиот остров Крф

пред 3 години

Попладнево избил силен пожар на бродот „МСЦ Лирика“, кој плови под панамско знаме и е закотвен во пристаништето на грчкиот остров Крф.

Огромниот крузер бил без патници и стоел во пристаништето бидејќи уште не ја почнал летната сезона, а 51 член на екипажот се евакуирани и пренесени на безбедно. Снимките покажуваат како густ црн чад се извива од бродот.

Според грчките медиуми, десетици пожарникари, кои пристигнале со пожарникарски брод, се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Scroll to Top