ВИДЕО: Двајца агенти на ФБИ убиени и тројца ранети при претрес во стан на Флорида

пред 3 години

Двајца агенти на ФБИ се убиени, а тројца нивни колеги се повредени со огнострелни рани, кога рано утринава по локално време врз нив бил отворен во оган во местото Санрајз, во американскста сојузна држава Флорида, додека извршувале судски налог за претрес на една куќа, соопшти Федералното биро за истраги.

Пукањето се случило околу шест часот утринава по локално време, кога полицајците се обиделе да извршат налог за претрес издаден, меѓу другото, поради насилство врз деца, се додава во соопштението на ФБИ.

Специјалните агенти Дениел Алфин и Лора Шварценбергер биле смртно ранети во акцијата, соопшти директорот на ФБИ, Кристофер Реј.

Човекот за чиј стан бил издаден судскиот налог, исто така, е застрелан и загинал, јавија медиумите.

ФБИ соопшти дека повредените агенти се наоѓаат во стабилна состојба во блиските болници и дека е отворена истрага за пукањето.

Ова е прв голем инцидент со пукање врз агенти на ФБИ на должност, што завршува со фатален исход, во последните неколку години. сд/

Scroll to Top