ВИДЕО: Детонација предизвикана од француски борбен авион ги потресе парижани

пред 4 години

Детонацијата што денеска се слушна над Париз и околината и притоа вознемири дел од населението, била предизвикана од борбен авион, информираа денеска француските Военовоздухопловни сили, кои објаснија дека тоа бил авион „Рафал“ што го пробил звучниот ѕид за да му укаже помош на друг авион, што го изгубил контактот со контролата на летање.

Силната експлозија се почувствуваЛа околу пладне во Париз и неговата околина и предизвика вознемиреност кај многу жители на главниот град. На Твитер, полициската префектура во Париз објасни дека станува збор за борбен авион кој летал над звучната бариера за време на неговиот премин над главниот град.

Детонацијата ги вознемири и изненади и играчите на тенискиот турнир Ролан-Гарос.

-Во рамките на мисијата за пресретнување, авионот ја проби звучната бариера, објасни министерката за вооружени сили Флоренс Парли, кој во моментов е во Рига, главниот град на Летонија.

Од своја страна, Военовоздухопловните сили потврдуваат дека нивниот авион „Рафал“ од базата Сен Дизие „имал вистинска интервенција за да се обезбеди помош на авион при губење контакт“.

-Авионот „Фалкон 50“ во источна Франција изгуби контакт со цивилната Контрола на летање. Оваа абнормална ситуација предизвика полетување на Рафал во улога на воздушна полиција, објасни полковникот Стефан Спет, портпарол на Военовоздухопловните сили.

Scroll to Top