ВИДЕО: Драматична снимка од пожар во Истанбул – мајка си ги фрли четирите деца од третиот кат

пред 3 години

Една жена во Истанбул била принудена да си ги фрли четирите деца од станот на третиот кат во кој живеела, за да ги спаси од пожарот што ја зафатил зградата.

На драматичната снимка што го обиколи светот, се гледа како мајката се одлучува на очајничкиот потег, додека луѓе кои се организирале за да помогнат, држат ќебиња за едно по едно да ги пречекуваат децата, по падот од височина од околу 12 метри.

На видеото се слуша и како насобраните луѓе реагираа на тензичната сцена, врескајќи и воздивнувајќи секојпат кога децата безбедно ќе слетаа на развлеченото ќебе.

Како што пренесуваат турските медиуми, ниту едно од децата не се повредило при опасниот пад, а мајката е префрлена во болница со симптоми на труење со чад, но набрзо и таа е отпуштена.

Scroll to Top