(ВИДЕО) Единствениот преживеан: Не скокнав од авионот

пред 4 години

Единствениот кадет кој го преживеа падот на украинскиот воен авион кај Харков опиша што се случувало на летот.

-Се беше како видео игра, рече тој.

-Тој не се сеќава на се. Во еден момент изгуби свест, а потоа кога се поврати и се извлече од трупот на авионот и почна да го гаси огнот кој го имаше зафатено еден негов колега, рече шефот на администрацијата во Харков, Алексеј Кучер.

Како што кажа, кадетот не скокнал од авионот за да се спаси како што првично се претпоставуваше.

Преживеаниот кадет во болницата го посети и украинскиот претседател Владимир Зеленски кој претходно беше на местото на падот на авионот.

Воениот транспортен авион Ан-26 се сруши во близина на градот Чугујев во Харковската област во текот на тренинг. Во авионот имаше 27 лица, седум членови на екипажот и 20 кадети, а во несреќата 26 лица погинаа.

Двајца кадети успеаа да се извлечат од авионот но еден од нив подоцна им подлегна на повредите.

Медиумите пренсуваат дека највериојатно причината за падот на авионот е проблем со моторите.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top