ВИДЕО: ЕУ-лидерите повикаа на поголема солидарност со Западен Балкан околу вакцините

пред 3 години

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ вечерва на видео состанок побараа „поголема солидарност со трети земји кога станува збор за поделба на вакцини“, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан, изјавија за Танјуг дипломатски извори во Брисел.

Покрај поддршката на Западен Балкан и соседите при набавка на вакцини, лидерите на земјите-членки разговараат и за испорака на вакцини во рамките на ЕУ, кампањите за вакцинација кои почнаа низ цела Европа, како и за сертификати за вакцинација.

Извори од состанокот велат дека лидерите изјавиле оти сертификатите за вакцинација во овој момент „можат да бидат медицински, но не и патни документи“.

Scroll to Top