ВИДЕО: Запленети милиони фалсификувани долари и евра во Софија

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи на Бугарија и Обвинителството на градот Софија спроведоа операција против печатење фалсификувани долари и евра во главниот град. Тоа го објави главниот обвинител Иван Гешев на својот официјален профил на Твитер.

Запленети се четири милиони долари и три милиони и 600 илјади евра, отпечатени на територија на високообразовна институција.

– Бугарските агенции за спроведување на законот продолжуваат активно да ги штитат финансиските интереси на ЕУ и нашите американски партнери, напиша главниот обвинител Гешев.

Scroll to Top