ВИДЕО: Медицинска сестра од Британија обвинета дека убила осум новороденчиња

пред 4 години

Полицијата во Велика Британија уапсила медицинска сестра која е обвинета дека убила осум новороденчиња во болницата каде работела.

30-годишната жена по име Луси Летби е уапсена по третпат, за убиствата наводно извршени во 2015 и 2016 година, во болницата „Војвотката од Честер,“ во близина на Ливерпул. Таа била приведувана и во 2018 и во 2019 година, но била пуштана без да биде подигнато обвинение, затоа што немало доволно докази.

Според сега подигнатото обвинение, медицинската сестра се товари и за обид за убиство на уште девет новороденчиња во болницата.

Главниот полициски инспектор Пол Хјуз, изјави дека тим од детективи работи на „многу сериозен и чувствителен случај,“ но не откри повеќе детали.

Според британските медиуми, Летби за целото време додека траела тригодишната истрага против неа, продолжила да работи како медицинска сестра во истата болница.

Scroll to Top