ВИДЕО: Навални оди во затвор три и пол години, одлучи Московскиот суд

пред 3 години

Судот во Москва денеска ја преиначи условната казна на Алексеј Навални во ефективна казна од 3 години и 6 месеци затвор, јави Тасс.

Според пресудата, 44-годишниот опозиционер е осуден за повреда на условната казна, откако во август беше отруен со нервниот агенс „Новичок“. Два дена по труењето, тој беше префрлен на лекување во Германија, во коматозна состојба.

Руските власти сметаат дека тоа што Навални не се пријавувал во судот во периодот додека бил на лекување во Германија, претставува повреда на условната казна.

-Судот донесе одлука за задоволување на предлогот на Сојузната казнено-поправна служба, рече судијката Наталија Репникова, соопштувајќи ја одлуката.

Scroll to Top