ВИДЕО: Напаѓач бодеше луѓе со нож во бриселското метро, повеќемина ранети

пред 3 години

Неколку лица попладнево се повредени во напад со нож на метро станица во Брисел, наведува белгиски „Ле Соар“.

Нападот се случил околу 15 часот по локално време, а полицијата го разоружала напаѓачот и тој е уапсен, пренесува британски „Експрес“.

Според неофицијални информации на градските власти, нападот не е терористички чин, туку бил мотивиран од приватни причини. Според сведок на инцидентот, цел на напаѓачот биле жени. Друг сведок, пак, наведе дека најмалку една жена имала убодна рана на вратот.

Според извештаите, човекот прво со ножот нападнал патници во возот, а потоа се симнал од возот и почнал да напаѓа други луѓе.

Полицијата потврди дека се случил инцидентот.

Scroll to Top