(Видео) Нуркачите трагаат по црните кутии на паднатиот авион

пред 3 години

Индонезиската морнарица објави снимка на која се гледа како нуркачите пребаруваат остатоци од паднатиот патнички авион со цел да најдат црни кутии.

Лоцирани се црни кутии, но нуркачите сè уште се обидуваат да стигнат до нив за да бидат извлечени на површината. Несреќата се случи во саботата кога боингот 737 полета од Џакарта со 62 патници, па исчезна од радарот за време на летот кон островот Борнео.

Истражните тимови веќе пронајдоа делови од авионот, како и човечки тела, црните кутии се лоцирани, но сè уште не се извлечени на површината. Потрагата продолжува и нема да биде прекината сè додека нуркачите не ги најдат црните кутии кои треба да дадат одговор на прашањето за причината за несреќата.

Во операцијата учествуваат околу 2.600 луѓе, а се користат бродови и хеликоптери, околу 50 бродови и 13 авиони. Нема надеж за пронаоѓање на преживеани патници, а авионот се распадна откако падна во морето.

Официјалните лица открија дека авионот паднал од надморска височина од 3.000 метри за помалку од една минута, а сведоците тврдат дека виделе и слушнале најмалку една експлозија.

Урнатиот авион не е 737 Макс, проблематичен модел на „Боинг“ кој беше заземјен од март 2019 година до декември минатата година по две катастрофални несреќи. Според податоците за регистрација, станува збор за Боинг 737-500 стар 26 години, кој бил во добра состојба.

Scroll to Top