ВИДЕО: Пијан маж држи шест деца за заложници во стан во Санкт Петербург

пред 3 години

Маж, вооружен со секира, во заложништво држи шест деца во стан во населбата Колпино, предградие на Санкт Петербург, пренесуваат руските агенции.

Извор од безбедносните служби изјавил дека човекот е пијан, а полицијата ја контактирала неговата сопруга, која не можела да влезе во станот.

Полицијата преговара со киднаперот, но тој досега не упатил никакви барања.

Тасс јавува дека човекот е забарикадиран во станот со децата, а како можна претпоставка за инцидентот се наведува негов конфликт со сопругата.

Scroll to Top