ВИДЕО: Подмолен напад на ајкула врз германска туристка во Црвеното Море

пред 3 години

Морничава снимка од нападот на ајкула на туристка во египетското одморалиште Марса Алам, беше објавена од локалните медиуми.

На видеото се гледа страшниот момент кога ајкулата, која се појавила „од никаде“ и отпрво била навидум незаинтересирана за луѓето во водата, наеднаш напаѓа и ги зарива забите во рамото на жената, која нуркала заедно со инструктор во близина на брегот.

Жената од Германија е пренесена во болница со повреди на рамото, а лекарите кои ја „сошиле“ велат дека имала среќа што го носела дебелиот костим за нуркање, кој ѝ го спасил животот.

Според прелиминарната истрага, ајкулата што ја нападнала 43-годишната жена била од вид кој обично се среќава во океаните.

Scroll to Top