ВИДЕО: Почна производството на вакцината „Спутник V“ во Србија

пред 3 години

Првите количества од руската вакцина „Спутник V“ произведени во институтот „Торлак“ во Србија излегоа од производната лента денеска, јавија српските медиуми.

Вакцината во иднина ќе може да се извезува во земјите од регионот, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции.

Фондот и Институтот за вирусологија и вакцини „Торлак“ објавуваат дека е започнато производството на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ во Србија. Со тоа, Србија стана прва земја во јужна Европа која ќе ја произведува вакцината во согласност со највисоките стандарди,“ соопшти Фондот.

„Во склад со договорите кои се постигнати меѓу РФДИ и институтот „Торлак“, во Србија во краток рок беше покренато производство на вакцината „Спутник V“. Србија е првата европска држава која почна да ја произведува руската вакцина“, изјави директорот на Фондот, Кирил Дмитриев.

Scroll to Top