(Видео) Се појави снимка од големиот одрон на карпи на плажа на Канарските Острови

пред 3 години

Во саботата попладне се случи голем одрон на карпи на плажа на Канарските Острови. Настанот се случил на островот Ла Гомера, кога големо парче од карпа се одрони над плажа и падна во морето.

Во тоа време, на плажата имало пет лица кои останале отсечени поради свлечиштето, а потоа биле спасени од шпанската спасувачка служба. Во свлечиштето никој не е повреден, а шпанските власти продолжија да бараат други лица кои можеби биле заробени или повредени.

Според „Ел Мундо“ единиците со кучиња не нашле никого под свлечиштето, па затоа е укината тревогата што траела додека се трагало по евентуално исчезнати лица.

Властите во моментов ја проверуваат стабилноста на карпата и размислуваат како да го исчистат она што се срушило на плажата.

Scroll to Top