(Видео) Силна експлозија во француски град, има повредени

пред 3 години

Три лица се повредени, а две исчезнаа во експлозија во станбена зграда во центарот на Бордо, во југозападна Франција, соопштија службите за итни случаи.

Полицијата верува дека најверојатна причина за експлозијата е истекување на гас.

Службите за итни случаи се на терен и се поголем е стравот дека станбената зграда во која се случила експлозијата ќе се сруши.

Очевидци велат дека експлозијата се почувствувала низ центарот на градот. Експлозијата искршила излози низ целата област, како и излози на продавници.

Scroll to Top