ВИДЕО: Терористите пукаат во недолжни луѓе на улиците на Виена

пред 4 години

Снимките од терористичкиот напад во Виена ги преплавија социјалните мрежи, а на некои од нив се гледа суровоста на терористите, кои буквално одат по улица и пукаат во сите што ќе ги видат.

Официјално, во нападот загинале две лица, од кои едно е од страната на напаѓачите, но медиумските извештаи велат дека бројката на загинати е поголема. Во нападот чии мотиви се се уште нејасни, кој се случил координирано на шест различни локации во Виена, ранети се најмалку десет луѓе.

Scroll to Top