ВИДЕО: Успешно се приземји кинескиот модул „Чанг-5“ со примероци од тлото на Месечината

пред 3 години

Кинескиот модул „Чанг-5“, кој беше испратен на Месечината за да собере примероци на камења и прашина од нејзиното тло, денеска слета во северниот дел на кинеската провинција Внатрешна Монголија.

Агенцијата додава дека ова е првата мисија со враќање од Месечината од далечната 1970 година.

Модулот денеска, во раните утрински часови по локално време, слета во Сизиванг или Дорбод, во Внатрешна Монголија.

Кинезите на 24 ноември го лансираа „Чaнг 5“ и на почетокот на декември модулот го спуштија на Месечината.

Успехот на Кинезите го покажува фактот дека Кина е само третата земја во светот што зема примероци од лунарното тло, по САД и Советскиот сојуз, кои први успешно ја завршија мисијата од ваков тип пред 44 години, пренесуваат британските медиуми.

Планот беше модулот да се донесе два килограма примероци од почвата од Месечината, иако се уште не се знае колку материјал е донесен.

Scroll to Top