Во Австрија зголемена невработеноста, околу 300.000 луѓе со скратено работно време

пред 3 години

Кризата која дојде како резултат на коронавирусот продолжува силно да го погодува пазарот на труд во Австрија, пренесуваат австриските медиуми.

Според Министерството за труд, во споредба со октомври, во ноември има зголемување од 33.447 нови невработени.

Во исто време, бројот на слободни работни места опадна, во споредба со претходниот месец, за повеќе од 6.000 – на 58.243.

Исто така, голем број лица се пријавено на скратено работно време, 276.370.

За само една недела, бројот на пријавени лица за работа со скратено работно време се зголеми за околу 57.000.

Службата за вработување (АМС) апелираше до работодавачите да ги користат мерките за помош на австриската Влада и да не ги отпуштаат своите вработени.

Scroll to Top