Во Австрија 90 ученици се заразиле со коронавирус од почетокот на училишната година

пред 4 години

Една недела од почетокот на школската година во источна Австрија – Виена, Долна Австрија и Бургенланд, од вкупно 456.000 ученици, 90 се позитивни на коронавирус. Во случај на позитивно тестирање на еден ученик, цело одделение се испраќа во карантин, а потоа дома се тестираат и другите ученици, но мораат 10 дена да останат во карантин и во случај на негативен тест. Само во Виена од почетокот на училишната година, се регистрирани 70 заболени од коронавирус, а меѓу нив 55 се ученици, шест наставници и девет административни работници во училиштата. Во Долна Австрија, во изминатите седум дена, во 32 од 1.158 училишта и 1.058 градинки, беа преземени мерки за корона од страна на надлежните органи врз основа на позитивно тестирани ученици или вработени, рече покраинскиот секретар за образование, Кристијана Тешл-Хофмајстер. Според нејзините податоци, досега се позитивно тестирани 31 ученик, две деца во градинки и 10 педагози. Во провинцијата Бургенланд досега се евидентирани само два случаи на корона болест во образовните институции, а станува збор за еден воспитувач во една градинка и за еден ученик. Според австриското Министерство за образование, учениците се заразиле во приватно опкружување. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top