Во Албанија две женски бебиња се првородени во Новата година

пред 3 години

Две здрави женски бебиња се првородени во Новата 2021 година, кои на свет пристигнаа во првата минута по полнопќ во две гинколошко-акушерски клинки во Тирана.

Веста ја објави министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, поставувајќи фотографии од бебиња и посакувајќи им „добредојде, како добар предзнак за 2021“.

– Добредојдовте Ајла и Мери. Две убави девојчиња кои на свет пристигнавте здрави во првата минута од Новата година, во клиниката „Кралица Гералдина“ и во „Кочо Глиожени“ во Тирана. Тоа е најдобриот знак за годината што претстојува, напиша Манастирлиу.

И лани првороденото бебе во Албанија беше женско.

Од јануари 2019 година Владата доделува „бебешки бонус“ кој за првороденче во семејството изнесува 40 илјади леки (325 евра), 80 илјади (650 евра) за второродено и за третородено дете во семејство 120 илјади леки (975 евра).

Во просек во изминатите две години ваков паричен надоместок оствариле над 370.000 бебиња, дел од нив родени во странство, каде што работат и живеат нивните родители.

Scroll to Top