Во Албанија почна вакцинацијата против коронавирусот

пред 3 години

Во Албанија денеска започна вакцинацијата против коронавирусот, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници.

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук напиша дека вакцинирањето започнало пред помалку од еден час и дека во борбата против „невидливиот непријател“ започнала фазата на голема офанзива против непријателот и негово „заминување од нашите животи“.

Албанската Влада обезбеди 500.000 вакцини од „Фајзер / Бионтек“ против коронавирус, од кои првите 10.750 дози ќе пристигнат во Албанија во првите три недели од јануари и 30.250 во февруари.

Scroll to Top