Во Берлин уапсена банда што претопилa украден златник тежок 100 кила

пред 3 години

Берлинската полиција денеска изврши претрес во повеќе станови и златарници поради сомнеж дека би можеле да се поврзани со обидите за препродажба на огромен канадски златник од 100 килограми, кој е украден во 2017 година од музеј во германскиот главен град.

Златникот, чија вредност е проценета на 3,75 милиони евра, е украден од берлинскиот музеј Боде во 2017 година и се уште не е пронајден.

Рациите биле насочени кон осуммина осомничени, на возраст меѓу 14 и 51 година, од различни националности, соопшти полицијата.

Се наведува дека тие се дел од „прстенот“ кој набавува украдено злато, со цел да го стопи и искова фалсификувани колекционарски монети, а потоа ги продава како оригинални во златарници, кои се сопственост на членови на групата или нивни роднини.

При истрагата се откриени фалсификувани ковани монети, фалсификувани алати и огромна сума пари.

– Се врши проценка на доказите. Меѓу другото, се испитува и евентуална поврзаност со кражбата на големиот златник од музејот Боде, наведува полицијата.

Scroll to Top