Во болницата во Петриња нема струја и греење, пациентите се евакуираат

пред 3 години

Пациентите во болницата во хрватскиот град Петрињa, кој беше тешко погоден од денешниот земјотрес со јачина од 4.3 степени, чекаат да бидат евакуирани, бидејќи во објектот нема ниту електрична енергија, ниту греење.

Одреден број пациенти се во болницата, а другите се надвор.

Во денешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала во Хрватска загинаа најмалку шест лица.

Епицентарот на земјотресот во 12:20 часот беше на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња. Земјотресот е почувствуван во целиот регион. Потоа следуваа неколку потреси.

Scroll to Top