Во Бугарија починаа над 100 лица од Ковид-19 за едно деноноќие

пред 3 години

Во Бугарија сe регистрирани рекордни 106 починати од коронавирус за 24 часа, пренесе бугарската ТВ „НОВА“.

Здравствените власти соопштија дека во земјата бројот на новозаразени изнесува 3.816 од спроведени 8.825 ПЦР тестови, што претставува многу висок процент на позитивни примероци – над 43 отсто.

Бројот на активни случаи е 51.922, додека 4.004 заразени лица се хоспитализирани, а 270 се во единиците за интензивна нега и се наоѓаат во критична состојба.

Најголем број на новозаразени има повторно Софија – 1.403, а потоа следуваат Пловдив со 392 и Варна со 220.

Исто така, има многу заздравени од коронавирус – 875 пациенти за 24 часа.

Scroll to Top