Во Германија рекордни 23.542 новозаразени

пред 4 години

Германија во последните 24 часа пријави 23.542 нови случаи на инфекција со коронавирус. Ова беше објавено денеска од институтот „Роберт Кох“ од Берлин, при што се наведува дека е постигнат нов рекорд во бројот на заразени за еден ден.

Последниот рекорд беше минатата сабота кога беа евидентирани 23.399 случаи на инфекција.

Во споредба со вчера, денеска бројот на пријавени случаи е зголемен за скоро 1.700.

Вкупно 751.095 лица се заразени во Германија од почетокот на пандемијата. Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот се зголеми за 218, на вкупно 12.200. Претходниот ден, беа регистрирани 215 починати.

Околу 481.700 заразени се опоравиле од болеста.

Scroll to Top