Во Мјанмар денеска повторно има Интернет и нови протести

пред 3 години

Интернетот денеска повторно може да се користи во Мјанмар, откако повеќе од 24 часа беше исклучен по наредба на воената хунта, јавија британските медиуми.

Интернетот беше исклучен на самиот почеток на вчерашните демонстрации против воениот удар, со кој пред неколку дена од власта беше соборена демократски избраната премиерка Аунг Сан Су Чи.

Десетици илјади луѓе и денеска протестираа во Јангон против апсењето на премиерката, а демонстрации беа одржани низ цел Мјанмар.

Scroll to Top