Во Осло ќе се додели Нобеловата награда за мир

пред 4 години

Норвешкиот Нобелов комитет ќе ја додели денеска Нобеловата награда за мир, единствената која се прогласува и врачува во Осло. Листата со номинираните е тајна, а единствено е познато дека оваа година бројот на номинирани изнесува 318, меѓу кои се 211 поединци и 107 организации. Во обложувалниците, меѓу главните фаворити за наградата се Светската здравствена организација, шведската активистка за борба против климатските промени Грета Тунберг и организацијата за слобода на медиумите Репортери без граници. Текстот Во Осло ќе се додели Нобеловата награда за мир е превземен од А1он .

Scroll to Top